Три склопени брака во првиот работен ден во 2018-та

Петар Печков

Новата 2018-та година започна среќно и бериќетно. Три млади двојки од Велес, решија на овој ден да стапат во брак.

Толку регистрации во книгата на бракови беа заведени на 2-ти јануари во Управата за водење на матични книги од Велес.

 Првата регистрација беше на Розета Душковска и Петар Петрушевски. По  шест години во врска Петар пред три месеци ја побарал за сопруга Розета а свадбата се планира за наесен.

Веднаш по ова се склучи и вториот брак, помеѓу Марјан Николов и Кристина Цветковска. Тие живеат во Лондон и дојдоа во родниот Велес за  нивната две годишна врска да ја крунисаат со брак. 

Третата регистрација беше на двојка од Бузалково, Џевит Бакиовски и Ајша Имери. Тие биле три години во врска која сега ја озваничија со брак.

ТрМр им честита на сите младенци

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати