Тројца велешани уапсени во акција на полицијата за сузбивање на продажба на дрога

Петар Печков

Полициски службеници од Одделот за Криминалистичка полиција Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на 07.10.2020 во координација со СВР Куманово СВР Штип, СВР Велес и ОВР Кратово, а по претходно обезбедени наредби за претрес од Основен суд Куманово и Основен суд Штип извршија претрес во домови и помошни простории  во село Којково- кратовско и во село Злетово и ги приведоа Д.М. (25), З.М. (44), М.М., и Љ.М..

При претресите пронајдени се осум парчиња оружје без документација (три карабини, четири ловечки пушки, една малокалибарска пушка). Во близина на куќата на Љ.М. во село Којково откриен е насад засаден со марихуана, а при претресите се пронајдени и лабараторија за преработка, стебла марихуана засадена во пластеници, високи од околу 2 м, 10 тегли со екстракт од марихуана, поголема количина семки од марихуана, платформи за сушење на марихуана со поголема количина на марихуана во процес на сушење, сад во кој се вари марихуана, остатоци во кесиња од цедена марихуана. Во моментот кога полициските службеници почнале со претреси, во лабароторијата се одвивал процес на обработка на марихуаната.

Во дополнителна акција, полициски службеници извршиле претреси во дом на Т.Ј. (26) од Велес и при тоа се пронајдени еден килограм марихуана и семки од растението канабис сатива и тој е приведен во ПС Велес. Во дополнителна акција на СВР Струмица и СВР Велес приведен е Х.Б. (44), дилер на хероин од Велес.

На 07.10.2020 Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица презеде мерки и активности и кај С.И. од Струмица пронајде 50 грама хероин во моментот додека го купувал од други лица. Лицата се дале во бегство со возило БМВ, но по преземани мерки тие се фатени во Неготино. Приведени се Х.Б. од Велес  и М.О. (34) од село Бузалково.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати