Тројца од четворица Македонци, користат интернет

Петар Печков

Во Македонија интернет користат 1.583.315 лица или 75,9 отсто од населението, а милион (48 проценти) се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.

Кај бројот на интернет корисници, споредено со крајот на октомври лани, има зголемување за 80.000, а нема промени кај податокот за корисници на Фејсбук.

Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат во  Хрватска (90,9 проценти), Босна и Херцеговина (80,7 проценти) и Словенија (79,9 проценти). Зад Македонија се рангирани Србија (72,2 отсто), Грција (70,1 процент), Црна Гора (69,9 отсто) и Бугарија (66,3) проценти.

Во Европа интернет користат 704 милиони луѓе, а споредено со октомври за два милиона е помал бројот на корисници на Фејсбук  и изнесува 341 милион.

Глобалната он-лајн мрежа најмногу се користи во Исланд и Норвешка каде речиси целото население или 99,2 отсто користи интернет. Во тие две држави има и по 63,5 проценти корисници на Фејсбук.

Податоците на „Интернет ворлд стат“ покажуваат дека во светот има 4,15 милијарди корисници, бројка која во октомври лани изнесувала 3,88 милијарди, а 2,11 милијарди имаат Фејсбук профил

loading...

Поврзани »

loading...

Акција за собирање на електронски и електричен отпад

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој е дистрибуиран од страна на ЈКП Дервен, со сметките за комунални услуги. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com