Туш во судиско продолжение, штипјани израмнија за реми на Градски

Петар Печков

Само реми за фудбалерите на ФК Борец на домашен терен, откако во 94-та минута гостите преку Додев  израмнија на 1:1   и ја расипаа радоста на домаќините и веќе впишаните три бода за победата.

Велешани дојдоа во водство во 67-та минута со голот на Лука Трајковски, со голема помош на гостинскиот голман. Трајковски биеше од местото  каде се спојуваат 16-те метри а топката мина низ рацете на голманот на ФК Брегалница и помеѓу нозете заврши зад гол линијата.

После ова во 76-та Ѓорѓиев ја погоди пречка. Гостите во 18-та минута од првото полувреме ја има најголемата шанса, но нивниот играч, сам од пет метри, пред домашниот голман, биеше покрај голот.  

По ова четврто коло ФК Борец се најде на 10-тото место со четири бода , колку што има и штипска Брегалница. Во следното коло в  сабота ФК Борец гостува на ФК Македонија ЃП која е шеста со шест бодови.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати