Уапсен крадец кој извршил кражби во три продавници и во клон на детска градинка

Петар Печков

Велешката полиција уапсила крадец кој извршил четири  кражби, при што во објектите влегол со употреба на сила. Сторителот делата и извршил  ноќта помеѓу понеделникот и вторникот. Објектите биле во стариот дел на градот, од неговата лева страна .

„На 12 мај,  полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д (42 год) од Велес поради постоење основано сомнение дека ноќта помеѓу 9 и 10 мај  извршил четири кривични дела „Тешка кражба“ во три продажни објекти и детска градинка на подрачјето на Велес. Лицето е задржано во Полициската станица во Велес, а дел од предметите се пронајдени и вратени на сопствениците“- соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, од полицијата додаваат  против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати