Убедлива победа на РК Борец за разделба од навивачите сезонава

Петар Печков

Велешките ракометари во претпоследното коло од разигрувањето за Прва лига опстанок ја победија екипа на РК Кичево со 57:44  (23:18). Тоа беше ефикасен натпревар во која на без малку секоја минута паѓаа по два гола, или одбрана како и да немаше.

Сите седумина ракоемтри кои настапија во поел беа стрелци и постигнаа помеѓу 12 гола - Стојанов, 11 Гугуталиев, 10 Табаков, до 7 Ристовски, 6  Андовски и 5 Жаров. Стрелци не беа голманите Таневски и Манев. Идентична ситуација беше и кај гостите, голманите единствени не постигнаа гол.

Ова беше натпревар на две екипи соседи на табелата 4-то и 5-то пласираните.  По ова 15-то коло ГРК Борец останува на четвртото место со 25 бода кое ќе го здржи до крајот. Во последното коло гостува во Штип на екипата на РК Текстилец која е 7-ма со 14 бода. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати