Убиство во Гевгелија

Петар Печков

Две лица се уапсени поради убиството на 41 годишниот Б.Р. од Гевгелија кој вторник  наутро  околу 7 часот беше пронајден починат со повреди на главата. Од полицијата информираат дека осомничени се К.И. (31) за сторено убиство и Р.К. (43) за помагање.

Според податоците од МВР, случајот со починато лице вчера кај нив бил пријавен од страна на лекар од Итната медицинска помош кој ја констатирал смртта со траги на насилство кај Б.Р., пронајден во семејната куќа на второпријавениот Р.К.

Според документираните сознанија од истрагата, констатирано е дека К.И. завчера вечер (20.11.) некаде меѓу 21,00 и 22,00 часот дошол во семејната куќа на Р.К. во Гевгелија, каде ги затекнал  второпријавениот и жртвата Б.Р. (41) од Гевгелија. Заедно почнале да пијат. 

Во еден момент настанала вербална расправија во која К.И. го обвинил Б.Р. дека му го украл мобилниот телефон. По ова, К.И. најпрвин со употреба на физичка сила му нанел на Б.Р. удари во пределот на лицето, а потоа во континуитет продолжил да му нанесува  физички удари во пределот на главата. Откако Б.Р престанал да дава знаци на живот, К.И. и Р.К. прво го преместиле телото во друга просторија, а потоа Р.К. со умисла се обидел да ги прикрие трагите од кривичното дело.  Убиецот К.И. си заминал.  

Полицијата по прибирањето на доказите вчера ги привела двете лица, при што кај К.И. осомничен за убиството биле констатирани 4,56 промили алкохол во крвта, осомничениот за помагање Р.К. 2,53 промили алкохол. На двајцата им се земени примероци од крв и урина за дополнителна анализа.

На К.И. и Р. К., двајцата од Гевгелија поднесени им се кривични пријави за  убиство а по барање на обвинител, во Основен суд Велес  од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена. По наредба на јавниот обвинител, телото на жртвата е дадено на обдукција во судска медицина. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати