Угостителите од Велес мака мачат да најдат персонал, кој заминал да работи на Јадран

Петар Печков

На состанокот на велешките угостители со градоначалникот Аце Коцевски, за претстојната Питијада,  тие се пожалија дека во градот нема персонал. Имаат проблем каде и како да најдат лица кои ќе работат во кујна, во кафеанатe, кафетериите. Сите без исклучок го кажаа истото, дека  мака мачат да најдат работници. 

Нема жени за во кујна, нема келнери. Се случува и некој од нас, од фамилијата да помага.  Се што беше ангажирано во кафеаните заминаа на Јадран, кој во Хрватска, некои во Црна Гора, во Велес останаа малкумина - кажа сопственик на кафеана од Велес.

Во Средното училиште ,,Коле Неделковски,, има паралелка за угостител, каде за 34 слободни  места во првиот уписен рок  имаше 45 пријавени. Големиот интерес за ова тригодишно образование младите велешани, го објаснуваат со план да заминат од земјава.   

Со диплома за угостител можам да конкурирам за работа на брод, за работа во угостителски објект -ресторан, кујна во странство. Веднаш по завршувањето заминувам од Македонија - вели еден од приемните кандидати за угостители иако има само 15 години.   

Неодамна  велешани се пожалија дека во градот има проблем со такси превозот се чека долго време за  такси возило. Од такси здружението кажаа дека причина е што такси возачите заминале да возат камиони во Германија.  

loading...

Поврзани »

loading...

Акција за собирање на електронски и електричен отпад

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој е дистрибуиран од страна на ЈКП Дервен, со сметките за комунални услуги. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com