Укината затворска казна за Љупчо Стојановски дедото на Тамара, за обид за убиство на екс министерот Тодоров

Петар Печков

Апелациониот суд од Скопје  ја укина затворската казна од 7,5 години за Љупчо Стојановски (61 год) од Велес, дедото на малата Тамара Димовска, која му беше досудена за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Пресудата е недоволно јасна и разбирлива, а во образложението не се содржани доволно причини за решителните факти во однос на постоењето на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, пишува во одлуката на апелација. Предметот во Основен суд Скопје 1 го води судијката Софија Лаличиќ. 

Второстепениот суд случајот го врати на повторно судење од почеток, а првото рочиште е закажано за среда  5 декември. Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни минатата година.

Неговата внука, малата Тамара Димовска почина пред повеќе од три години, чекајќи операција на рбетот во странство, за што кривичниот суд води процес против  12 обвинети,  лекари и членови на комисијата. 

Стојановски во  одбрана се бранел дека носел пиштолот, но само за да пука во воздух како предупредување да не се повтори неправдата на неговата внука. Тој и натаму е во притворот, со образложени дека може да го повтори делото. 

Настанот се случи лани на 1-ви јуни, во 11часот пред примопредавањето на министерската позиција на влезот во зградата на Министерството. Кога  Тодоров стасал до последната скала, обвинетиот му се доближил, го вперил пиштолот на 30 сантиметри од  главата и испукал три пати  без предупредување. Обезбедувањето спречило Стојановски да пука во Тодоров. 

Љупчо Стојановски претходно  доби една година затвор за нелегално поседување на пиштолот со кој пукал. Неа ја изрече Апелација, откако Основен суд Скопје 1 му досуди условна затворска казна.   

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати