Украден автомобил на велешанец, кој со брза интервенција на полицијата крадецот бил уапсен

Петар Печков

Со брза и енергична акција на велешката полиција, во четвртокот вечер, уапсен е крадецот кој го украл семејниот автомобил на семејството Џунови од Велес. Тие го  споделија со јавноста, настанот кој се случи во вечерните часови, а со позитивен исход по нив. Сопственикот на автомобилот „шкода фелиција“ го оставил кај аптеката на „Зегин“ близу Пошта.

„Се брзав па ги оставив трепкачите, но и клучевите во колата која беше во погон, оти беше пред затворање аптеката  околу 21,40 часот. Влегов на брзина купив и се вратив за кратко. Но надвор на непријатно изненадување, автомобилот го немаше. Веднаш се јавив на 192, ги информирав. Тие пренеле на колегите. Колку што дознав, повратно автомобилот бил лоциран на излезот од Велс, кај бензинската на „Лукоил“. Полициска кола веднаш се дала по нив во потрага.  Имало бркање со возачот од украдената моја кола. Тој се упатил кон Лозово и Каратманово. Таму некаде ја оставил и се дал во бегство по темницата и полињата. Но полицаецот се пуштил по него, го фатил и уапсил. За 90-тина минути автомобилот ми беше вратен“ - вели Лазе Џунов.

Вели дека сака да искаже голема благодарност од името на целата негово семејство, Џунови,  до велешките полицајци, кои храбро се дале да го пронајдат и уапсат крадецот.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати