Условна затворска казна за Николова

Петар Печков

Десанка Николова доби условна затворска казна за  измама. Неа судија во  Основен суд Велес ја прогласи за   виновна и изрече затвор од шест месеци, кој ќе го отслужи доколку  во следните две години направи ново  кривично дело.  

На Николова и се судеше  за кривично дело измама, која го сторила во периодот од 7-ми август  до 3-ти септември 2016 година , кога  во повеќе наврати ги довела во заблуда оштетените, татко и ќерка од Крива Паланка,  лажно прикажувајќи дека може да го вработи нивниот син, односно брат во МВР на огласот за прием на полицајци, кој бил во тек.

Таа се повикувала на блиски пријателски односи со влијателни луѓе од тогаш  актуелната власт и МВР, со што ги навела оштетените да и исплатат вкупен паричен износ од 183.500 денари и тоа етапно, како што течеле активностите околу конкурсот за вработување. Ниту момето го вработила, ниту парите ги вратила до почетокот на судењето.  

Како сведок  во процесот се јави лице од  Скопје, кое исто така е оштетено  бидејќи му било ветено вработување за 1,25 илјади евра како полицаец,  но и за неговата сопруга за 750 евра со попуст оти веќе еднаш користел услуга кај Николова.  Николова тврдеше дека од овие лица земала пари за да се лекува и била во тешка материјална состојба а лицата биле лихвари. Оваа нејзина одбрана судот ја отфрли.  

Пред завршувањето на судењето, Николова ги вратила парите 183  илјади денари на  оштетените. Судијата ова, како и тоа што е самохрана мајка, досега  не е осудувана ко имаше во предвид како олеснителни околности при изрекувањето на пресудата. Заради обезбедување на обвинетата за присуство на рочиште,  таа мина три седмаци во притвор, бидејќи не доаѓаше на судење.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати