Условни затворски казни за докторите гинеколози од велешката Болница

Петар Печков

Докторите  Ристо Гашев и Аристотел Тренчев од Велес   и двајцата гинеколози при ЈЗУ Општа Болница Велес, со првостепена пресуда на Основен суд Велес се прогласени за виновни, за кривичното дело ,, тешки дела против здравјето на луѓето,,. Нив обвинителството ги товареше за смртта на бебе, кое се случи при породување на родилка.

Настанот  се случи во велешката Болница на 14-ти август 2015-та, бебето починало, откако повеќе часови траело породувањето а бебето  заглавило при излезот, оти имало диспропорција на главата со родилните патишта. 

 Судијката Валентина Ѓоргиевска им изрече условна казна затвор, која ќе ја одлежат ако го повторат делото, по правосилноста на пресудата. Д-р Гашев доби  шест месеци ако во следните две години стори ново кривично дело додека д-р Тренчев три месеци затвор ако во период од една година стори ново кривично дело. 

Судот врз основа на  вештачењето на  стручните лица констатира дека  при укажување на лекарска помош, обвинетите  несовесно постапувале и со тоа предизвикале смрт на новороденчето.  Во текот на породување, во образложението на пресудата пишува дека обвинетите несоодветно ги толкувале ЦТГ записите и иако постоеле сигурни показатели дека породувањето не напредувало со часови, поради не спуштање на плодот и укажувало на негово  патење, не пристапиле кон оперативно завршување на породувањето кога со голема сигурност плодот би бил спасен. 

Како последица на нивните пропусти, настапила смрт кај новороденчето. Проблемите при породувањето настанеле поради  тоа што родилката носела голем плод со тежина од 4.400 грама а родилни патишта претесни за неговото поминување низ нив. Оваа диспропорција не била утврдена на почетокот на раѓањето, но персоналот кој го водел породувањето требало навреме да ги воочи проблемите, констатира судот. 

Двајцата обвинети не се чувствуваа за виновни. Бранителот  на прво обвинетиот д-р Ристо Гашев, адвокат Оливер Гашев кажа дека се работи за редок случај, што го потврдиле вештите лица и дека нема грешка при  породувањето, докторот работел, постапувал според пропишаната процедура. Бранителот на  д-р Тренчев, адвокат Елизабета Пупулиева рече дека докторот не учествувал во породувањето бидејќи бил специјализант па бил присутен само во салата. 

Судскиот процес во Основен суд Велес траеше три години и се сменија тројца судии кои го работеа предметот

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување Детали

Акција за собирање на електричен и електронски отпад

Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот и животот на новите генерации, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведуваат традиционалната есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема чие оставање на јавни површини е забрането со закон.

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

  • да, често
  • за викенд рекреација
  • нема патека
  • Велес не е град за велосипед, има угорници
Резултати