Условни за секретарот и екс директорката на ОУ Ј.Х.К. Џинот

Петар Печков

Секретарот Коста Карајанов и екс  директорката  на ОУ ЈХК Џинот - Фиданка Ивановска, добија условни затворски казни.  Карајанов   доби  затвор во траење од осум месеци кои  нема  да се извршуваат доколку  во време од двегодини, по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Ивановска доби  казна затвор во траење од шест месеци и кои  нема да се извршуваат доколку  во време од две години, по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.  Нејзе и беше   изречена и  парична казна во износ од 200 евра во денарска против вредност од 12.300,00 денари.

Ова е пресуда на Основен суд Велес, во  кое се прогласени за виновни Карајанов за кривичното дело  ,,Злоупотреба на службената положба и овластување,, a  Ивановска  за  кривично дело ,,Несовесно работење во службата,,. Истите не се правосилни, странките најавиле жалби до  Апелација. 

Според обвинението во временскиот период од февруари 2015 година до септември 2016 година, обвинетите како одговорни лица, и тоа обвинетиот Карајанов како секретар на ОУ ЈХК Џинот со искористување на својата службена положба и овластување прибавил за себе имотна корист во износ од 90.096,00 денари а на штета на Буџетот на Општина Велес, а обвинетата Ивановска како директор на ОУ ЈХК Џинот за обвинетиот Карајанов  прибавила имотна корист на начин што обвинетиот Карајанов при вршење на работните задачи како секретар на училиштето при изготвувањето на платните списоци за плата на вработените во училиштето кои ги потпишувал си пресметувал повисока плата по коефициент од 2,053 наместо по коефициент 2,022 предвиден за тоа работно место кое го обавувал без решение за промена на плата, па наместо плата во износ од 19.600,00 денари земал плата во износ од 24.030,00 денари, а обвинетата Иванвоска како директор на училиштето така изготвените платни списоци ги потпишувала, па со пропуштање на должниот надзор и контрола на платните списоци изготвени од обвинетиот Карајанов  му овозможила да се стекне со имотна корист во износ од 90.096,00 денари.

Обвинетиот Карајанов  искористувајќи ја својата службена положба и овластување како секретар- благајник без да има донесено посебно решение за зголемување или усогласување на платата согласно Колективниот договор и без да го извести директорот пресметувал, изготвувал платни списоци, ги потпишувал и му се исплатувало плата во зголемен износ, а додека обвинетата Ивановска како директор тоа го одобрувало со потпишување на платните списоци за исплата на плата на основа кои на обвинетиот К.К. му се исплатувало плата во зголемен износ по коефициент од 2,053.

Екс директорката Фиданка Ивановска е осудена, неправосилно   во друг  предмет на  од  шест месеци  затвор, кои  нема да се извршат доколку во време од две години по правосилноста на пресудата е стори ново кривично дело. Во Основен суд Велес таа е осудена за кривичното дело ,,Несовесно работење во службата,,. 

Според обвинението  Ивановска о својство на одговорно лице ООУ Ј. Х. К. Џинот , обвинетата  во два наврати, со искористување на ист траен однос нејзината раководна функција во училиштето, со повреда на законските прописи за судир на интереси, за нејзиниот син  прибавила корист и го вработила како наставник по одделенска настава во ООУ Ј. Х.К. – Џинот.

Ова го сторила на начин што постапувајќи спротивно од Законот за спречување на судир на интереси, без да го пријави приватниот интерес пред членовите на Училишниот   одбор, како тело кое расправало за прием на наставници во училиштето и без да побара мислење од Државната комисија за спречување  на корупција   ги злоупотребила правата што произлегуваат од нејзината надлежност од Законот за основно образование да врши избор на наставници и на ден 13.01.2014 година потпишала Решение  за вработување на синот   за наставник по одделенска настава на одредено работно време со полно работно време до 31.08.2014 година и Договор за вработување со кој нејзиниот син стапил во работен однос во училиштето за учебната 2013/14 год. а на ден 15.12.2014 год. потпишала Договор за вработување на нејзиниот син како одделенски наставник во училиштето, на определено работно време, со полно работно време, во учебната. Година

Екс директорката Ивановска  постапувајќи спротивно од Законот без да го пријави приватниот интерес пред членовите на Училишниот одбор, како тело кое расправало за прием на наставници во училиштето и без да побара мислење од Државната  Комисија за спречување на корупција, ги злоупотребила правата што произлегуваат од нејзината надлежност од чл.130 ст.1 ал.6 од Законот за основно образование да врши избор на наставници.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ОКТОМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каков превоз најчесто користите?

  • автобус
  • автомобил
  • воз
  • комбинирам
  • такси
Резултати