Утрово овчар пронајден мртов во близина на село Војница

Петар Печков

МВР информираше за настан кој се случил  утрово, кога бил пронајден мртов овчар близу селото Војница. На телото немало траги на насилство.

На 21-ви јуни  околу 06,45 часот во СВР Велес, С.Т. од село Војница како сопственик на трло, пријавил дека на место викано,,Клетовник’’ во атар на село Војница го пронашол без знаци на живот Љ.П.(64) од село Забрчани, Општина Долнени-прилепско, кој работел кај него како овчар. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги од насилство- пишува во информацијата на МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина-Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати