Учениците од Интернатот се погрижија за бездомните животни (фото)

Петар Печков

Учениците од струката готвачи кои се сместени за престој  во Интернатот ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес, покажаа грижа за бездомните животни во градот. Кучињата и мачки кои се сместени во прифатилиштето на Здружението  за заштита на животните ,,Гласот на животните,,.

Заедно со директорот и своите воспитувачи донираа 50 кг храна  за кучиња, 4 душека и 18 ќебиња за животните  скитници згрижени од страна на здружението за заштита на животните Animal’s Voice. 

Средствата за храната беа собрани од самите ученици сместени во ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес, откако беше организиран натпревар во готвење со хуманитарен карактер, на кој учениците – готвачи ги одмерија своите готвачки способности во правење слатки. Интересот за настанот кај учениците беше огромен, слатките беа со симболична цена, достапни за секој ученик и беа распродадени во рекордно време. Собраните средства се искористија за купување на храна за бездомните животни- кажа Марјанчо Јорданов директор на средношколскиот интернат.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати