Уште една висока победа на КМФ Велес

Петар Печков

Во 13-тото коло од Првата футсал лига,  велешани во салата Гемиџии,  со високи 14:0 ја победија екипата на Саса од Македонска Каменица.

Гостите кои се претпоследни на табелата со  четири бодови не беа сериозен  противник.  

Стрелци на головите за  КМФ Велс беа : Крстевски Иван  4, Тодоровски Мартин  3, Левески Зоран  2, Ранготов Дарко, Глигоров Александар , Исмаили Тауланд ,  и Леовски Игор  по еден гол  и еден автогол на гостинскиот голман.

По ова кола велешани остануваат на врвот. Во следното коло повторно дома, ја пречекуваат екипата на Јувентус Серава која е петта со  16 бода.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати