ФК Борец во Купот стартува од Ѓорче Петров, против третолигашот ФК Њу старс

Петар Печков

Ждрепката одлучи во фудбалскиот куп 1/16 финалето, екипата на велешкиот прволигаш ФК Борец да гостува во Скопје, во Ѓорче Петров на екипата на ФК Њу Старс, која е член на Трета лига Север.

Велешани изминатите години немаа успех во Куп натпреварите, и како прволигаши, беа елиминирани на стартот но и како второлигаши ги губеа стартните натпревари и не го минаа првото коло.  

Новиот второлигаш пак, екипа на ФК Локомотива од Градско во 1/16 дома ќе го пречека второлигашот ФК Охрид.  „Локоси“ во првото коло од Вторта лига Исток, во средата, загубија дома од ФК Кожуф од Гевгелија со 0:2. Во следното коло, в недела гостуваат на лидерот екипата на ФК Саса во Македонска Каменица.

Средбите  од 1/16 финалето на фудналскиот Куп  се играат на 15-т и септември со почеток во 15:00 часот и се игра еден натпревар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати