ФК Борец во финишот загуби дома од ФК Академија Пандев

Петар Печков

Нов пораз за велешкиот пpволигаш, овој пат на домашен терен од 1:2 (0:1)од екипата на ФК Академија Пандев, која е на третото место од табелата. Гостите поведоа во 32 минута преку Мирчевски а израмни Ѓорѓевиќ во 64-тата минута. Но велешките фудбалери, кои од овој натпревар имаат нов тренер, Јане Николовски,  имаат за што да жалат, оти имаа повеќе шанси и удари во рамките на голот и  за водство  при ретултат 1:1, кој гостинскиот голман ги одбрани.

И како што често се случува во спортот, Шаркоски во 87-та ја казни неефикасноста на домаќините , постигна гол за струмичани, за нивно водство а подоцна и тоа беше и за  победа.

По ова 11-то коло, заврши првиот дел од првенството, ФК Борец е 10--ти од 12 екипи со скормно бодовно салдо од само осум .Во следното коло, в сабота во Велeс нa Градски гостува екиптаа на ФК Работнички од Скопје која е 7-мо пласирана со 15 бода.

Во 9-тото коло од Втората лига Исток, ФК Локомотива од Градско, загуби дома од аспирантот за првото место, четврто пласирантаа екипа на табелата. ФК Беласица. Во следното коло ФК Локомотива која остана на претпоследното 9-то место, гостува во Пехчево на екипата на ФК Кит Го, која е петта со 12 бода. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати