ФК Борец не успеа на домашен терен да го совлада скопски ФК Работнички, одигра реми без голови

Петар Печков

Градски стадион  Зоран Паунов

Главен судија: Марјан Гоцевски  Струмица  

Борец: Мустафа, Ристовски, Стоименовски, Стојчевски, Коцев, Прелчец, Силва, Ристовски, Радовиќ, Станковски, Ристески    во игра влегоа и Пеев и Ѓорѓиев

Работнички: Јанков, Зука, Ѓорѓевиќ, Петковски Муарем, Ѓурѓевиќ, Тодоровски, Силјановски, Пецов, Тошески, Трајковиќ  во игра влегоа и Шаркоски и Чумиќ

жолт картон: Прелчец (ФК Б), Фисник, Силјановски (ФК Р)

Со две идеални шанси на српскиот интернационалец Радовиќ, во 11-та минута и 66-та минута, кога излезе сам пред гостинскиот голман Јанков, кој одбрани, тој можеше да го реши натпреварот. Но наместо радости за домаќините, аплауз за одбраната  на голманот на гостите.

Тие во третата минута ја имаа нивната единствена шанса, кога Муарем од 25 метри далечина, ја  испрати со силен шут топката во самиот десен агол на голманот на Борец, а Мустафа ефектно одбрани. Се останатото беше игра на срдина, без шанси за гол и возбудувања.

Ова беше  прв натпревар од  седмото коло на Првата лига, останатите се играат утре, недела а ФК Борец е моментално или остана трет.  Следен настап велешките фудбалери имаат на 3-ти октомври кога гостуваат на ФК Шкупи.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати