ФК Борец со нова победа поблизу кон Првата лига

Петар Печков

 Со сигурна победа од 0:3 на гостувањето кај   претпоследниот тим на табелата Вардар, во Неготино лидерот велешки Борец 1919 е се поблизу до Првата лига.  Со головите на Марко Ѓоргиевски, Симон Христов и Ѓоре Ѓоргиев, прокнижени се нови три бодови со што останува разликата од 10 бодови меѓу велешани и Тиквеш 1930 од Кавадарци. Во следното коло на Градски доаѓа екипата на Кит-го од Пехчево која е четврта со 29 бодови а ФК Борец има 44.

Во Првата футсал лига продолжува разигрувањето во плејофот за титулата првак. Екипата на актуелниот првак КМФ Велес дома славеше  тесно со 3:2 над екипата на Астибо од Штип.  И натаму останува разликата од 7 бода предност за лидерот КМ Ф Шкупи. Во следното коло КМФ Велес гостува на КМФ Железарец. 

 Во Првата одбојкарска лига велешки ГОК Борец забележа победа на домашен терен над екипата  на ОК Дибра волеј со максимални 3:0 ( -16, -15, -10). Ова е трета победа на младата велешка екипа и сите три ги забележа над дебарчани, кои немаат радост. Во последното коло следниот викенд велешани му гостуваат на лидерот во оваа конкуренција ОК Јанта Волеј. 

Женската екипа на ЖФК Борец во  Велес, дома на Градски забележа пораз од 0:7 од екипата на ЖФК Топ гол која беше седма со шест победи. Во следното коло младите велешки фудбалерки гостуваат во Прилеп на истоимената екипа, кои се седми со 23 бодови. ЖФК Борец останува на 13-тото со 4 бода.  Со оваа екипа в среда на Градски тие играат четврт-финале од Купот на Македонија. Почетокот е во 14ч.

Ракометарите на ГРК Борец во последното коло од Супер лигата загубија дома од РК Радовиш со 24:47 ( 11:23 )  кој досега имаше четири победи и останаа последни без бодови. Првенството младите велешки ракометари го продолжуваат во разигрувањето за опстанок, каде бодовите досега освоени остануваат а во конкуренција се шест екипи, најслабо пласирани од 10-те учеснички во Супер лигата. 

 Кошаркарите на КК Борец Баскет забележаа висок пораз од лидерот Академија ФМП со 56:82. Гостите кои на знаат за пораз се зацврстија на врвот, додека велешани се четврти со 25 бода но од 16 натпревари. Првите четири екипи одат во разигрувањето за пополнување на Првата лига.  Во следното коло тешко гостување во Скопје на ТФТ кој е трет со 26 бодови но од 15 натпревари.  

Завршија натпреварите од Првата лига во пинг -понг. Велешки Борец ТИМ во последното коло со победа над  соседот на табелата екипата на Струга со 4:1 избегна разигрување за опстанок. Велешани се шести од осум екипи со 18 бодови, еден повеќе од Студент од Скопје и два повеќе од последниот Пелистер. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати