ФК Борец со нова победа ита кон баражот за Прва лига (видео)

Петар Печков

Во 21-to коло од Втората лига Исток, велешки Борец со победа од 2:0, се зацврсти на втората позиција на табелата. Совладан беше Кожуф од Гевгелија, кој е четвртопласиран. До победата и трите бода велешани стигнаа со головите на Марко Ѓорѓиевски во 58-та и 70-та минута. По ова кола Борец 1919 останува втор со 44 бодови, пред штипска Брегалница со бод помалку а лидер е Беласица  од Струмица, која е веќе во Прва лига со 52 бода.  Во следното коло, в сабота повторно на Градски Борец 1919 ја пречекува ФК Плачковица од Радовиш која е шеста со 27 бодови. До крајот на првенството остануваат уште три кола.   

Се одигра и 21-то коло од Третата фудбалска лига Центар. Велешките третолигаши забележаа една победа - ФК Превалец и два порази   -ФК Илинден БС и  ФК Бабуна. Превалчани славеа во Ваташа против екипата на Габер со 2:3, последно пласираната екипа на Илинден во Башино село загуби од втората екипа на табелата  Вардар од Неготино со 0:3,  додека ФК Бабуна од Мартолци загуби со 0:2 во Крушево од Питу Гули во дерби натпевар на двете соседни екипи на табелата.  ФК Превалец  е петти со 39 бода а ФК Бабуна од Мартолци е третта со бод повеќе. Во следното 22 коло  Бабуна ја пречекува  ФК Марена која е осма,  ФК Превалец  игра со Напредок од Крушеане кој е 11-ти а  и  во  Обршани прилепско лидерот ФК партизан - го пречекува  фенерџијата Илинден БС.  

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати