ФК Борец 1919 –ФК Велазерими 4-0

Петар Печков

Лесно со убедливи 4:0, полувреме 2:0 велешкиот второлигаш ФК Борец се пласира во 1/8 од Купот на Македонија. Противникот екипата на ФК Велазерими од Кичево,  исто така член на Втората лига, ама Запад, велешани се во Исток, беше лесен противник за домаќинот кој покажа далеку подобар квалитет и  игра. Со хет трик на велешанецот  Пановски во 2, 45 и 59-та и на Ацевски во 80 минута  Борец оди во следното  коло, а противникот ќе се знае утре, петок.  

Митко Кржовски директор на ФК Борец 1919
Какви се плановите на клубот за оваа натпреварувачка сезона?

Плановите се кристално јасни. Единствена желба и цел е ФК Борец од сезоната 20018-та да игра во Прва лига. Освен тоа од аспект на развој, бидејќи имаше 15 години застој а сега градиме моќен Борец, потребно е да  создадеме своја база.    Крајниот план е клубот да прерасне во респектабилна фудбалска екипа, која долга години ќе игра во Прва лига и да почне да гради младински, пионерски кадетски погон. Во септември ќе распишеме конкурс за упис на деца во повеќе категории.

Имате ли екипа за Борец да биде на позиција која ќе го доведе во Прва лига?

Од резултатите кои клубот ги постигна во  подготвителниот период, може да кажеме дека имаме моќна екипа. Низ селекцијата во Трета лига, со нови засилувања, оформивме физиономија на клуб кој игра офанзивен фудбал заедно со тренерот Пане Блажевски  и помошникот Ане  Темелков.   Имаме новина физиотерапевт, барем кондиционен тренер , така што создаваме клуб за големи дострели.         
Пане Блажевски тренер на ФК Борец 1919

Управата ги најави амбициите  на клубот. Има ли екипата таков квалитет, кадар?

Во подготовките работевме на селектирање играчи, доведување на нови со цел остварување на амбициите на клубот за влез во Прва лига.   Имаме квалитет и капацитет за такво дострел, сепак фудбалот е процес кој  се гради.
Имате без малку целосно нов тим. Кој се дојде? 
Играчите од Трета лига, кои беа во залезни години ги ослободивме. Донесовме нови фудбалери, млади, квалитетни и искусни играчи. И работиме да создадеме компактна екипа која     ќе биде меѓу  екипите  која ќе води борба за првите места.    Дојдоа Столе Димовски -искусен голман, Даре Стојанов, Трајче Стојковски, Даре Илиевски, Наум  Велјановски, во средината се Ѓорги  Танушев и Андреј Ацевски од Силекс. Со доаѓањето на велешанецот Аце Пановски кој е капитен доби екипата водич, голем професионалец.   Тука се и младите Марко Георгиевски,  Адријан Гудијан, Ѓоре Ѓоргиевски, Милан  Чичевски, Един Мерсовски  и за мене најголемиот изненадување е Тале Трајков.Тој бил член  на футсал екипа, дојде кај нас и има голем напредок. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати