ФК Превалец го доби дербито со ФК Бабуна

Петар Печков

Во дербито на колото на двете екипи до врвот но и локално Градски, ФК Превалец како гостин на Градски ја победи екипата на ФК Бабуна со 3:5 (1:3). Со триете гола во серија за шест минути првеалчани го решија натпреварот. Уште во 20-та  минута резултатот беше 0:3 со головите на  Чоков во 12 и 18 и Донев во 15-та. Ристовски во 39-та намали на 1:3. Ставревски во 48 зголеми на 1:4, Куртагиќ донесува надеж во 65 за 2:4  а во финишот Црнушев зголемува на 2:5 додека во последната минута     Ристовски ги поставува конечните 3:5. ФК Тополка во прилепско Црнилиште загуби со убедливи 6:1 од ФК Ново Црнилиште.

По пет кола ФК Превалец има  15 и пет бодови предност пред ФК Бабуна, ФК Братство 07 и ФК Питу Гули. ФК Тополка е 10-та од 12 екипи со 4 бода. Во следното коло ФК Превалец го пречекува ФК Росоман кој е осми со 5 бода, ФК Тополка игра дома со ФК Младост 1930-та  од Кривогаштани кој е последен со два бода а ФК Бабуна гостува во прилепско Големо Коњари  на соседот на табелата ФК Братство 07, тоа е средба на второ и трето пласираната екипа. 

Во четвртото коло на Третата лига Исток, каде настапува ФК Работник од Лозово, тој гостуваше на ФК Рудар од Пробиштип каде загуби со 3:0 (1:0).По четири кола Работник е четврти со половичен ефект , две победи и два пораза. Во следното коло е дербито, во Лозово гостува лидерот ФК Осогово до Кочани кој има максимален учинок четири победи и 12 бода.   

Викендот се играше и второто коло од Општинската фудбалска лига.  Постигнати се следните резултати:

ФК Форца нова - ФК  Младост   0:0

ФК Башкими - ФК Мартолци 2:1

ФК Горски - ФК Согле 4:1

ФК Илинден БС - ФК Интернационал 3:0 (служб)

слободна беше екипата на ФК Локомотива Градско 

         Во следното коло, викендов играат

ФК Согле - ФК Илинден

ФК Локомотива (Градско) - ФК Башкими

 ФК Мартолци - ФК Горски

 ФК Интернационал - ФК Форца нова

слободна е екипата на ФК Младост

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати