ФК Превалец натпревар со многу картони до нова победа, ФК Бабуна му се заканува

Петар Печков

Уште  еден висок пораз за младите ракометари на ГРК Борец. Во заостанат натпревар од петтото коло  со   26:34 (13:17) велешани загубија од екипата на Пролет 62. Гостите кои има една победа во досегашниот тек од  Супер  лигата,  постојано беа во водство против младинската екипа на домаќинот, за на крајот ја поразат со 12 гола предност.  11 гола кај ГРК Борец постигна Минов. По ова коло велешани се последни а во следното играат на гости во Скопје против новиот лигаш Бутел кој има три победи. 

Во шестото коло од Третата фудбалска лига Центар,победи за ФК Превалец и ФК Бабуна, ФК Тополка продолжува со серијата слаби резултати.  Лидерот ФК Превалец се намачи дома да го победи ФК Росоман кој имаше пет бодови, во натпревар со два црвени картони по еден за двете екипи и пет жолти. Со голот на Јовев во 75 победија превалчани и се зацврстија на врвот со пет бодови предност пред ФК Бабуна. Таа пак победи  дербито на второ и трето пласираната екипа, во прилепско Големо Коњари против ФК братство со  3:5 (2:2). По првите 45 минути со израмнет разлутат, мартолчани стигаа до победа за нови три бода и второто место од табелата со  13 бода или пет помалку од лидерот. ФК Тополка дома е поразена од последно пласираниот ФК Младост 1930 од Кривогаштани. Со овој резултат ФК Тополка осана на 4 бода и е претпоследна.  Во следното коло ФК Превалец гостува во Крушево на третиот ФК Питу Гули кој има 13 бода.  ФК Бабуна дома на Градски игра со прилепско  ФК Ново Црнилиште кој е шести со 9 бода. ФК Тополка гостува на седмо пласираниот ФК Тополчани во прилепско Тополчани. 

Се одигра третото коло од Општинската фудбалска лига Велес, каде имаше 22 гола или 5,5 по натпревар . Постигнати се следните резултати:

 ФК Согле - ФК Илинден БС 2:7

ФК Локомотива - ФК Башкими 1:0

ФК Мартолци - ФК Горски 4:1

ФК Интернационал - ФК Форца нова 3:4

      слободна беше екипата на ФК Младост

во следното  четврто коло играат:

Горски - Локомотива

ФК Форца нова - ФК Слога

ФК Младост - ФК Интернационал

 ФК Илинден БС - ФК Мартолцаси07

слободна е екипата на ФК Башкими 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати