ФК Бабуна поразена дома, ФК Превалец не е првак на Трета лига Центар

Петар Печков

Во неделата се одигра последното коло од Третата лига Центар. Дербито се играше во Велес, на Градски, каде трето пласираната ФК Бабуна го пречека лидерот ФК Питу Гули. Гостите од Крушево победија со 3:0 (3:0)  и не дозволија да бидат симнати од првото место. Доколку победеше домаќинот или играше нерешено, нов првак во оваа конкуренција ќе беше ФК Превалец. Тој дома со 7:3 го совлада седмо пласираниот ФК Марена.  Фенерџијата ФК Тополка, кој одамна се збогуваше од оваа лига, дома загуби со 0:3 од осмопласираниот ФК Росоман. По 22 кола ФК Превалец е втор со 54 бода, бод помалку од првакот, ФК Бабуна е трета со 33 бода а ФК Тополка е последна со 11 бода. 

Заврши и првенството на Општинската фудбалска лига со одигрување на еден заостанат натпревар ФК  Горски -ФК Форца нова кој заврши со победа на новиот првак од 2:1.Требаше да се играат и уште два натпревари ФК Илинден - ФК Горски  и ФК Мартолци - ФК Илинден БС , но според управата на ФК Илинден БС, противниците се откажале а па тие ги добиле двете средби со службен резултат 3:0.

                                     Т   А   Б   Е   Л   А

1. Форца нова               16   13    1    2      34:12     40

2. Мартолци 07            16   10    2    4       50:24     32

3. Илинден БС             16    9    0    7       33:23      27

4. Локомотива              16    8     3    5       32:31     27

5. Башкими                  16    6    2    8        21:27     20

6. Младост                   16    5    4    7        18:35    19

7. Горски                       16    4    3   9        22:30     15

8. Согле                        16    4    3    9        25:35    15

9. Интернационал        16    4   0   12       33:47     11

loading...

Поврзани »

loading...

Општина Велес објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на територија на Општина Велес за набавка енергетски ефикасно грејно тело за 2019 година

Детали

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:
20 (дваесет) Оператори во производство

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

  • Дадоа максимум
  • можеа повеќе
  • за прв пат учество, одлични беа
  • запоставени, а не направија горди
Резултати