Фабриката за вар во Превалец наследила ,,А,, интегрирана дозвола надвор од процедура

Петар Печков

Локалната власт од Велес ја оспори легитимноста на  ,,А,, еколошка дозвола на фабриката во населбата Превалец. Општина Велес поднела жалба до Државната комисија за управна постапка од втор степен, оти на  Фабриката за вар и каменолом ,,Превелец,, и била пренесена ,,А,, еколошката дозвола од претходниот сопственик, без да се запази законската  процедура.  Ова го објави општинскиот инспектор за животна средина за Велес, Билјана Манаскова Шуркова, а по реакциите на жителите на Велес од населбите Превалец и Тунел, за загадувањето кое го предизвикува фабриката.  

Во април добивме решение дека извршен е пренос на ,,А,, дозвола за усогласување. Усогласувањето на  инсталациите заврши на 1-ви април 2014-та година, согласно Законот.   Ако не добие усогласување во тој рок, за што има бројни примери во државата, се бара  продолжување  на рокот за усогласување за да се добие ,,А,, дозвола. Со оваа инсталација не е така. Во овој случај новиот оператор требало да ги исполни сите стандарди па да добие ,,А,, интегрирана еколошка дозвола а не старата дозвола од стариот оператор, со рокови кои се минати четири години да се пренесе на новиот оператор - објасни Билјана Манаскова Шуркова локален еколошки инспектор при Општина Велес.  

Одговор  на жалбата и по два месеци немале добиено. Ја поднеле на  18 април годинава  поради  преносот на ,,А,, интегрирана дозвола  од оператор ,,Уса констракшн,, за  операторот   ,,Техно Павер,,. Во локалната власт велат дека биле  изненадени кога го добиле  решението за пренос на дозвола.

Во 2012-та инсталацијата  имаше оператор од Куманово ,,УСА констракшн,,  работеше само каменоломот, варницата не  и тоа беше ,,Б,, инсталација и беше под ингеренција на локалната власт. На 14.06 2012 е издадена  таа  ,,Б,, дозвола за по шест месеци фабриката да  поднесе  барање до Министерство за животна средина за  ,,А,, интегрирана дозвола,,.  Таа постапка трае една година и повеќе. Министеството ја издаде дозволата за само два месеци и спротивно на законот не ја праша Општина Велес за да се запази постапката - кажа Манаскова Шуркова.   

За излез од настанатата состојба во два наврати претходните градоначалници   прашале до Министерството  што да преземат оти  не може во круг на една фабрика да има две дозволи  за процеси кои се меѓусебно поврзани. На тие прашање одговори не добиле.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати