Фабриката Маркард го одбележа вработувањето на 500-тиот работник

Петар Печков

Две години по отворањето на фабрика ,,Маркард,, во неа неодамна беше примен 500-тиот вработен.  Во 2014 година Маркард ја основа новата подружница во Велес, а само по една година, во јуни 2015 Маркард започна со производство. На 7-ми Октомври 2015 година беше официјалното отворање.

Петстотиот вработен е   Благица Здравкова, на работна позиција оператор во секторот за склопување. Ова беше повод за одбележување на овој момент, од страна на раководството на фабриката.  

Во Велес беа планирани 600 вработувања во првите 5 години, а само после 3 години работа достигнавме бројка од 500 вработени. 2014 година ја завршивме со само 14 вработени. Денес сум многу горд и среќен да ви соопштам дека броиме повеќе од 500 вработени. Не само 500-тиот вработен, туку сите други се важни за нас, кои ги дадоа своите придонеси уште од самиот почеток и го направија овој раст возможен. Во овие три години поминавме тешки времиња, работејќи долго и посветено за да ги постигнеме потребните резултати и да ги задоволиме потребите на нашите клиентите Daimler, Porsche, BMW, Audi, VW, Opel and Jaguar Landrover кои секогаш можат да се потпрат на нас. Затоа, би сакал да им се заблагодарам на сите мои колеги за нивните напори и придонеси. Браво  -порача  Волфганг Аихер генерален Менаџер на Маркард Македонија.

Маркард на глобално ниво има повеќе од 10.000 вработени, во 14 држави, на 4 континенти.

Благица Здравкова е петстотиот вработена. Тоа се случило на 29 август, летово. Таа била вработена во друга фабрика. Дознала дека тука има подобри  услови и  решила да конкурира и била примена.

Причина што сакав и се вработив  во Маркард беше патувањето. Тука ми е поблиску.  Работам прва и втора смена, секоја работа има и добра и лоша страна. Задоволна сум од приемот – рече Здравкова. 

Еден од првите вработени во фабриката е  Димче Матев менаџер на производство во  Маркард Македонија. 
 Очекувањата беа  современа технологија,  предизвик. Овде беше зелено поле, игралиште и беше предизвик да  се изгради фабрика.  Почнавме од нула, до финален производ. Почетоците беа тешки но сите се сведоци дека успеавме.  Почнавме со тројца вработени стигнавме до 500, од продуктивност 0 стигневме до 60 проценти.  Цел  ни е да стигнеме во следните две години до 10 отсто. Расте и производството. Имаме две СНТ линии целта е наредната година  да инсталираме трета,  имаме 29 линии за  асемблирање целта е да стигнеме до 40, имаме 13 молдинг машини целта е да инсталираме  30 од нив – изјави Матев.   

Михаил Ѓошев, раководител на оддел на производство, се наврати на почетоците, кога купувачите ја  оценувале работата  во фабриката,за  да се   одлучат да бидат нивни потрошувачи.  

Минавме за овој период неколку  ревизии,   каде бевме анализирани, евалуирани  и успешно ги минавме. За да продолжиме со раст на производството,  зголемување на капацитетот на производството и денес да се пофалиме дека имаме 500 вработени. Сите потенцијални  клиенти поминаа низ нашата фабрика,  ги анализираа воспоставените процеси, го проверуваа нашиот потенцијал. Денес располагаме со преку 30 производствени линии за финално склопување, одел за лиење  пластика  со 15 машини и производство на електронски  модули  со две софистицирани линии за склопување – рече Ѓошев.

Трајче Каров и Македонка Свединова Тодоровска се меѓу првите вработени.  

Голем дел од моите  очекувања пред вработувањето  се реализирани. Има простор за напредување,   и задоволен сум од тоа што  го добивам тука – рече    Трајче Каров инженер за одржување.

Сето искуство што го стекнав   во почетоците, го пренесувам  на новите вработени.  Кога аплицирав не очекував дека ќе ја добијам работата, но се случи спротивното на мое големо задоволство  - раскажа   Македонка Севдинова  Тодоровска, на која ова и е прво вработување.   

 За досегашните вложување во фабриката се осврна и  генералниот менаџер на Маркард Македонија.

Маркарт Македонија инвестираше повеќе од 30 мил. евра во градба, опрема и обука на нашите вработени. Во фабриката во Велес воведовме сектор за изработка на пластика, сектор за електроника и повеќе од 30 линии за склопување со роботи и автоматска опрема. Како германски добавувач во автомобилската индустрија, имаме високи стандарди за квалитет и воведуваме германски вредности во Караслари: прецизност, чистота, точност и пред сè квалитет. Тоа не се постигнува така лесно, но за нас, како добавувачи на Мерцедес или Порше е задолжително.  Во областа на високата технологија и поврзаноста меѓу човекот и машините, ние гарантираме сигурност, безбедност и квалитет во однос на допир, изглед и согледани вредности. Како иновативна и флексибилна компанија, ние сме број еден добавувач за системи за авторизација, контролни компоненти, како и електромеханички и мехатронски системски решенија потенцира  Аихер.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати