Фатени двајца криволовци, кои ловеле риба на Црна, надлежните се сомневаат дека тоа го сториле со динамит

Петар Печков

На Божик вечерта, велешките рибочувари заедно со кавадаречката полиција фатиле група криволовци. Две лица ловеле  на реката Црна, во долниот тек, во атар на село Манастирец.  Надлежните се сомневаат дека рибата е фатена откако бил фрлен динамит. Но за ова ќе треба да се произнесат од Институтот за ветерина.  

По дојава,  дека одредена група лица вршат криволов, околу 19 ч. излезено е на терен. Откако отидовме на лице место, лицата побегнаа за се дадеме во потера по нив. Фатени се во дворно место, каде е откриена и риба  -клен, во тежина од 13,6  кг. како и две мрежи. Се сомневаме дека рибата е ловена со динамит, бидејќи и се оштетени внатрешните тапанчиња. Кај сторителите пројадовме и помошно средство со кое рибата е собирана од реката а тие да не влегуваат во вода  - изјави Шефкет Маслак   рибочувар од ЗСР ,,Бабуна од Велес, во чиј ревир спаѓа и реката Црна во долниот тек. 

Акцијата е изведена заеднички со полицајци од ПС Кавадарци.  Сторителите се познати а кавадаречката полиција  ќе поднесе соодветна пријава. Пребројано е дека со криволовот биле уловени 231 парче клен. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати