Фрлањето на Богојавленскиот крст, в недела на Водици од Мало мовче

Петар Печков

В недела од  Малото Мовче ќе се изврши  Богојавленскиот водосвет,  почетокот е во 11.30 часот , најавија од Повардарска Епархија на МПЦ-ОА.

Претходно во 8:15ч. во  храмот Св. Вознесение Христово  ќе се изврши  Света Василиева Литургија на која ќе чиноначалствува Митрополит Повардарски Владиката  Агатангел.

За овој чин, Повардарска Епархија на МПЦ-ОА ги повикува заинтересираните православни верници, за традиционалното фаќање на крстот, да се пријават во просториите на Епархијата, до петок, во текот на работното време од 8 до 16ч. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати