Фудбалерите на Борец со трета победа во низа

Петар Печков

Во третото коло од Втората фудбалска лига Исток, ФК Борец 1919 ја забележа третата победа. На ,,жешкиот,, терен во прилепско  Обршани поразена е екипата на Партизан со 2:0 (0:0). Стрелци за велешани беа Колевски во 54-та и Христов 89-та.

По ова трето коло Борец со Брегалница Штип се ан делба на првото место  со тоа што Борец има гол разлика 6:0 а штипјани 8:2. Токму во следното четврто коло се игра меѓусебниот дуел на овие две екипи, во Штип на празникот 8-ми септември со почеток во  16 ч. 

Викендов во Велес се одржа Отвореното првенство на Македонија во кајак и кану на диви води слалом.  Учествуваа 60-тина кајакари од осум клубови, меѓу нив три од Србија. Во К-1 победи Енис Небиоски, пред Борче  Мирчевски и Ангел Петрушевски, во Ц-1 победи Христијан Игнатов. 

Организатор на првенството беше ККК Бабуна од Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати