Фудбалерите од Романија победници на турнирот во Велес, полските народни носии пред велешани (фото)

Петар Печков

9-ти мај Денот на победата и Денот на Европа беше одбележан и во Велес. Екипата на Гимназија која ја претставуваше репрезентацијата на Романија  е победник на фудбалскиот турнир, на кој учествуваа сите четири средни училишта од градот како репрезентациите на Полска, Хрватска и Франција.

Во Младинскиот парк пак се одржа хепенинг, каде  петте  основните училишта од општината ги претставија земјите членки на ЕУ: Германија, Словенија, Полска, Франција,  Холандија. Тие подготвија прогаганден материјал за секоја земја, со национални специјалитети и дел од народните носии.  Градоначалникот на Оштина Велес Аце Коцевски им го честиташе овој ден на сите граѓани.

Драго ми е што сум тука, меѓу голем број млади, бидејќи се што правием е посветено на македонската младост.Целта е да создадеме држава во која што поколенијата ќе ја гледаат својата перспектива и иднина, да останат на родното огниште а не да заминуваат во Западна Европа или Американскиот континент. Затоа сите реформи кој треба да ги правиме, да бидат не затоа што ги бара ЕУ и НАТО туку пред се да создадеме  подобра, поперспективна држава со своето законодавство ќе ги прифати западно европските принципите  - порача Коцевски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати