Фудбалерките на Борец со победа во полуфиналето од Купот

Петар Печков

Со високи 11:0   женската екипа на ЖФК Борец ја победи екипата  на Њу Јорк од Скопје. Гостинките беа лесен противник за убедливо подобрата домашна екипа и  единствена непозната беше со  колку гола предност ќе заврши натпреварот. За илустрација екиатпа ан  Њу Јорк е последна на табелата без  ниту победа и со само 5 гола во  12 средби.  Со оваа победа  велешанки влегоа во  полуфиналето а противникот  за пласмна  во финалето, ќе биде познат дополнително.     

Локалното фудбалско дерби во Трета лига Центар, заврши со убедлива победа на ФК Превалец. Неговите фудбалери со 5:1 го совладаа Илинден од Башино село, кој е при дното на  табелата -претпоследен.  Превалец останува петти со 30 бода. Изненадувачки пораз и тоа убедлив со 0: 3, дома забележа екипата на ФК Бабуна и тоа од соседот на табелата ФК Росоман.  Со овие три бода гостите ги престигнаа мартолчани и ФК Бабуна е четврта со 33 бода.

Во следното 17 коло  Илинден во Башино село со освоени 6 бода  го пречекува осмопласираниот тим на  ФК Големо Коњари кој има  23 бода. ФК Превалец гостува во село Лажани - прилепско на  Слога која е 12-та со само 7 бода.     Во Неготино требаше да се игра  дерби, но слабите  резултати на  домаќинот Вардар до неодамна лидер и   ФК Бабуна која бележи порази  пролетва го прават само  натпревар на второ и четвртопласираната екипа. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати