Фудбалски признанија од ФФМ за Андреевска и Глигоров

Петар Печков

Фудбалската федерација на  Македонија  вчера ги награди   најдобрите  поединци во  овој спорт. Две  признанија отидоа за во Велес. За најдобар  играч во футсал беше избран Александар Глигоров, член на екипата на Велес. 

Ова награда е огромна чест за мене и затоа сакам  да им се заблагодарам  на моите  соиграчи. Таа е поттик да  го дадам мојот максимум и натаму  и допринесам за подобри резултати во клубот  и репрезентацијата – рече Глигоров.   

За најдобар стрелец во женски фудбал за сезона 2016/17 прогласена евелешанакта  Ленче Андреевска членка на футсал екипата на Драгон од Скопје, која постигна 22 гола во изминатата сезона, од кои 18 се во првенството и 4 во Купот на Македонија.

Огромна задоволство и чест ми е што сум дел од оваа вечер. Голема благодарност до ФФМ за наградата, но најмногу благодарност до мојот клуб Драгон, затоа што без нив - оваа награда немаше да биде во моите раце- изјави Андреевска.

Спортскиот викенд зад  нас беше со три настани. Одбојкарите во Првата лига за помалку од час го совладаа студентскиот тим на Универзитет од Тетово со максимални 3:0 ( 20, 8,13). Со оваа победа велешани се искачија на третото место со 12 бода од пет натпревари.  Во следното седмо коло ГОК Борец гостува  во дербито на колото и проверка на квалитетите на Борец.  Играат со Вадар во Скопје, кој им ист број на бодови и се соседи на табелата.

Фудбалерките на Борец неочекувано одиграа реми во Струга против екипата на ЖАС Јунајтед 2:2.  Велешанки кои беа фаворити и беа трети а домаќинките  седми, но лошиот терен овозможи  домаќинките да одземат бод.  По ова 10-то коло Борец падна на четвртото место со  21 бода а во следното последно есенско  игра на Градски  со Тиверија, што е дерби на колото оти гостинките се втори со 2 7 бодови. 

Во третата кошаркарска лига, Борец Баскет дома во салата Гемиџии загуби  од кумановски Пинк  Пантер со високи 58:77, иако двете екипи имаа ист број на бодови, по 10. По ова седмо коло Борец баскет е четврти а во следното игра повторно дома со Баскет Кам од Македонска каменица  кој е седми со девет бодови.    

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ФК Борец 1919 ќе го мине баражот и ќе влезе во Прва лига?

  • да
  • не
Резултати