Футсал првакот КМФ Велес му ја предаде титулата на КМФ Шкупи

Петар Печков

Со пораз на домашен терен, во салата Гемиџии, КМФ Велес  се прости од шансите за титулата првак во тековната сезона и како актуелен првак му ја предаде на лидерот КМФ Шкупи. Скопјани како гости победија со  3:4 полувреме 1:3. По 23-тото коло имаат  66 бода 12 повеќе од КМФ Велес кој е втор со 54. Ова беше петто коло од разигрувањето за титулата а до крајот има уште четири кола.  Во следното коло велешани гостуваат во Штип на КМФ Астибо.  Но сепак велешани имаат шанса да освојат пехар, и тоа во Куп натпреварите. 

Лидерот на Втората фудбалска лига Борец од Велес гостуваше на второпласираниот ФК Тиквеш во Кавадарци , каде загуби со 3:0 (2:0). Во дербито на колото велешани загубија убедливо по што разликата меѓу двете екипи е седум бодови. Веќе во вторник во Велес во 15,30 ч. на Градски ФК Борец игра дома со  ФК Детонит од Радовиш кој е седми со пет победи. Со тоа почнува и третиот дел од првенството.

Единствената радост ова коло ја донесоа кошаркарите на Борец баскет кои дома во салата ,,Гемиџии,, го растурија кочански Дино Баскет со 105:57 и му се реваншираа за поразот есеноска.  Во следното 22 коло КК Борец баскет гостува на МЗТ Скопје Аеродром кој е второпласиран. И двете екипи имаат одиграно по 16 натпревари, со тоа што велешани се четврти со осум победи и 24 бодови, додека домаќинот има единаесет  победи 27 бода.

Ракометарите и фудбалерките нивните натпревари од ова коло, ќе ги играат на 10-ти април. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати