Хеско - кои се фирми се затворија во времето на ВМРО ДПМНЕ

Петар Печков

Цели 11 години на државно ниво и 8 години на локално ниво, стопанството во Велес е под јаремот на режимот на Груевски и неговите послушници во Велес.

Славчо Чадиев во заминување и неговите блиски сопартијци ветуваа брда и долини, отворање на стотици работни места во затворените погони на поранешна Порцеланка, Фабриката Ќиро Ќучук,но до ден денеска од тоан ема ништо.

Уништија и затворија десетици фирми, а на улица оставија стотици Велешани, без основна егзистенција.

Почитувани граѓани,
ќе Ве потсетиме како изгледаше и како изгледа ВМРОВСКОТО владеење на дело:

Во времето на ВМРО – ДПМНЕ во периодот од 1998 до 2002 година се случи стечајот и приватизацијата на „Порцеланка“.
Поделбата и продажбата на 19 фирми од „Лозар“ се случи во 2001 година.
Приватизацијата и продажбата на „Интернационал“ е во 2001 година.
Приватизацијата и продажбата на Транс Велес е во 2001 година.
Стечајот на „Пелагонија“ е отворен на ден 24.02.2002 година.
Потоа во периодот од 2006 до 2015 година во време каде што сеуште владее ВМРО – ДПМНЕ се отворени многу стечајни и ликвидациони постапки, за многу велешки фирми, па така:
Стечајот на „Киро Ќучук“ е отворен на ден 17.02.2013 година.
Стечајот на „Транс Велес“ е отворен на 26.11.2007 година.
Стечајот на „Велеспром“ е отворен на ден 17.01.2013 година.

Над „Жито Вардар“ е отворена претходна стечајна постапка на ден 03.03.2016 година со што една од најголемите прехрамбени индустрии во Македонија е целосно уништена.

Официјалните податоци кажуваат дека само во 2014 година, 162 фирми се ликвидирани и 55 фирми се во стечај во Велес, додека пак во 2015 година, 134 фирми се ликвидирани и 54 фирми во стечај се затворени. Вкупно 405 фирми во 2014 и 2015 година се целосно затворени.

Карактеристично и заедничко за сите овие затворени фирми и фирми кои се во фаза на ликвидација е дека истите се затворени во времето на диктаторското владеење на ВМРО – ДПМНЕ.

Економијата и стопанството во Велес се целосно уништени.
Млади, амбициозни и образовани кадри секојдневно го напуштаат градот, а сето тоа благодарение на криминалното владение на ВМРО – ДПМНЕ - рече Маја Хеско кандидат за советник во Општина Велс, од листата на СДСМ  

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com