Хотелот во Горно Врановци се распаѓа, каква иднина има (фото)

Петар Печков

Хотелот во селото Горно Врановци, поранешно работничко одморалиште е во очајно лоша состојба. Руиниран, поголем дел од имотот и инвентарот украден, однесен. Празни ѕидови, празни соби, во идиличната слика на прекрасната околина. Некогаш овде велешани доаѓаа на викенд, на одмор, сега тој е празен. Пред еден месец градоначалникот на Општина Чашка испратил  вработени да го попишат инвентарот и да ја проверат состојбата. 

За жал Хотелот  е во крајно лоша, може да се каже и очајнa. Имаше од претходното раководство обиди да се продаде, беа неуспешни. Ние како локална власт анализираме повеќе аспекти како да постапиме. Прв е повторно да се даде на продажба а  не знам дали има интерес, бидејќи претходно се нудеше па никој не се јави.  Втората е да се даде на иселениците од село Горно Врановци каде се наоѓа. Бев неодамна во Каршијака Турција, каде живат некогашни мештани од ова село  и  со заменикот градоначалник, кој е токму од ова таму, разговаравме и  имаше идеја  да го отстапиме на Општина Каршијака да го уреди. да биде куќа на иселениците  од Горно Врановци кога доаѓаат во родното село да има каде да престојуваат, така би го добил вистинскиот сјај како некогаш - рече Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка. 

Додава дека  ќе и проучи законските прописи што велат тие. Ќе побараат и  мислење од Владата да се произнесе за сопственоста за да нема незаконитости во постапката.  Хотелот во Горно Врановци беше граден со средства од велешките претпријатија во време на социјализмот.   

Во  2012-та Општина Велес на 11 јуни, го поклони на Општина Чашка. За постапката за пренос на Хотелот во Горно Врановци  во септември  2017-та полицијата поднесе кривична против тогашниот претседавач на Општина Велес Славчо Чадиев, подоцна градоначалник а обвинителството отвори истрага за ,,злоупотреба на службената положба,,. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати