Хуманитарна помош во рурални средини

Петар Печков

Дваесет и пет семејства од неколку села во Општините Градско и Чашка добија хуманитарна помош. Таа беше обезбедена од хуманитарната кација ,, Од куќа во куќа,, која општинскиот Црвен крст ја организираше по повод Неделата на солидарноста. Хуманитарната помош  беше во храна за семејства во руралните средини.

Пакети со храна им беа доделени на семејства во кои живеат лица со посебни потреби во селата Подлес, Долно и Горно Чичево, Водоврати и Ногаевци, сите на подрачјето на општина Градско. Подоцна  помош на истата категорија лица им  беше доделена во селата Дреново, Долно и Горно Јаболчиште, Мелница, Стари Град, Теово и Богомила на подрачјето на Општина Чашка - изјавија од Општинскиот Црен крст на Велес, кој е организатор на акцијата.

Дистрибуцијата ја извршиле волонтери на Црвеникот крст од споменатите општини во присуство на претставници на единиците на локалната самоуправа на Градско и Чашка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати