Петар Печков
Објавено: сабота, 01 ноември 2025
На синоќешниот концерт во Велес, нa Балканската фолк ѕвезда Цеца, таа на сцената при настапот, развеа Бугарско знаме подарено од публиката. Тоа предизвика неколку минутни свирежи од присутните.
Очевидци велат дека знамето било на Република Бугарија, а во средината ликот на Цеца. Девојката која го фрлила кон Цеца бил дојдена од рано, со огромен букет рози.
По завршувањето на концертот Цеца се огласи на социјалните мрежи.
„Не ми е страно да прифатам билокакво знаме од мојата публика, бидејќи тоа е моја публика, мој народ, мои луѓе. Нè обединува љубовта кон песната, без разлика од каде доаѓа. Жал ми е ако тој чин повреди некого - навистина не ми беше намерата, особено не да ги повредам или навредам домаќините. Верувам дека го знаете тоа. Ви благодарам за прекрасната вечер, за прекрасната енергија, љубовта и спомените што ги создадовме заедно. Знаеме како се забавувавме - што беше убаво, а што не беше убаво на концертот што траеше два часа. Тоа е најважно. Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи, бидејќи сите ние што бевме заедно во Велес таа вечер знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане помеѓу мојата публика и мене“ – порача Цеца.
Според организаторот во салата Гемиџии имало околу пет илјади публика. На почетокот од концертот Цеца со порака до публиката.
„Добра вечер, Велес! Гледам дека сте одлични, ние сме уште подобри. Срцето ми е полно што сум гостин во вашиот град вечерва, што имаме шампион на кого сум многу горда, Мики Секуловски. Во следната сезона имам уште едно момче од Велес, ќе го промовираме“ – кажа Цеца.
На Питијадата во Велес која се одржува со години кај зградата викана Панини, до сцената се наоѓа куќа каде е нацртано бугарското знаме. Таму пред две седмици, под тоа знаме, настапија Северина и Бајага.
Според полицијата за време и по концертот нема пријави за инциденти.
