Црквата Св. Кирил и Методиј ќе се освети на 10-ти септември (видео)

Петар Печков

Повардарската  Епархија на МПЦ-ОА го објави датумот кога ќе се освети новоизградената    црква Св. Кирил и Методиј. Тоа е на  10-ти септември, недела.  

Во таа  пригода  ќе се одржи Света  Божествена литургија а вечерта пред тоа, ќе има вечерна богослужба со уметничка програма.  Изградбата е започната во 2006 година.

Црквата се наоѓа во центарот на градот, во Младинскиот парк и е дело на архитектот Тодор Паскали од Охрид. Храмот на лик е по пример на црквата „Св. Богородица“ во село Калишта-струшко,  има 500 метри квадратни површина.  

Изградена е во   византиски стил, еднобродна со кршен камен и со камбанарија која е надвор од објектот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати