Цртежи од конец и платно, дело на Ангел Миов (фото)

Петар Печков

Вчеравечер во Ликовен салон Велес се отвори изложбата на цртежи на ликовниот уметник Ангел Миов. Таа е дел од  проектот ,,Кич да или не,, на  Дирекцијата за култура и уметност од Скопје.  Изложбата е именувана ,,Цртеж, да? Е или Не?,,. Миов  пред велешката публика се претстави со несекојдневни дела, цртежи работени со конец на платно.  

Проектот ,,Кич да или не,, десет години се  обидува  преку циклусот на патувачки изложби, низ градовите на  Македонија да одговори на оваа дилема.  Во добивањето на одговорот, ни помагаат уметниците со нивните дела.  Авторот Миов не` исправи пред нова дилема ,,Цртеж да или не,,. Структурата на неговите дела о основа е   цртеж, но на еден  специфичен начин. Користејќи ги конците и белата позадина. Потоа тој преку  видео материјал го илустрира начинот на создавањето на сликите   - рече промоторот Никола  Глигоров директор на Дирекцијата за култура и уметност од Скопје.  Миов дипломирал 2006-та  на Факултетот за ликовни уметности – Скопје а 2011-та магистрирал. 

Ова изложба се базира на терминот цртеж како поим во уметноста. Тоа е цртање со конци   на  платно. Самата идеа ја презентирав преку видео, каде  прикажан процесот на создавањето на делта. Тие наликуваат на цртежи, се цртежи, но не со во конвенционална смисла со молив и хартија,туку се  правени на специфичен начин. Крајната идеја е дилемата дали е цртеж или не е. Во самта форма и изглед може да потсетуваат на некои  таписерии кои  се правеа во 50-тие и 60ите години. Тие беа инспирирани од традиционалните носии, теписи. Во мојот случај е друга изборна форма, не е  линија и молив, туку коенц и  платно и со помош на неонка   – појасни Миов. 

Тој е дел од тајфата Апостол Лука, која шест години на фреско живописуваше црквата Св. Кирил и Методиј а претходно и црквата Св. Богородица. За тоа што го работи и во црквата и како уметник објаснува дека е дел од применетата  уметност која тој ја работи.   Изложбата која е дел ода проектот ,,Кич да или не,, е финансирана од Министерството за култура.  Таа досега помина неколку градови во Македонија.    

Ангел Миов припаѓа на младата генерација ликовни уметници и е еден од основачите на независната група и простор Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т во Скопје. Има реализирано 14 самостојни изложби и повеќе од 30 групни изложби, колонии и фестивали. Како медиум на изразување користи  сликарство, инсталација, фотографија, објект, видео уметност, перформанс, концептуална и ангажирана уметност. Од 2012 година работи како доцент по предметот акт на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетит Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати