Чадиев и Колев судот ги прогласи за виновни и добија условна затворска казна

Петар Печков

Екс градоначалникот н Велес  Славчо Чадиев и екс претседавачот на Советот Александар Колев  се прогласени за виновни и добија условни затворски казни од по шест месеци кои ќе ги лежат, ако во период од две години сторат ново кривично дело. Двајцата обвинети кои се товареа  за  кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување имаат обврска на оштетената Општина Велес да и исплатат  надомест на штета од по 85,3 илјади денари, 30 дена по правосилноста на пресудата.  Доколку не ја платат во рокот, ќе се изврши затворската казна. Ова е одлука на судијата Шефшет Адеми, која е првостепена а обвинетите имаат право на жалба.   Судијата кратко  ја образложи пресудата.

Општина Велес има  Правилник  за користење и одржување на службените моторни возила донесен 2008-та, Правилник и Наредба за користење и одржување на службените моторни возила, од 2016-та донесени токму од тогашниот градоначалник Чадиев. Во нив е точно регулирана постапката за користење  и чување на службените возила. Таа постапка не е почитувана и со тоа на Општина Велес и е причинета материјалната штета   - изјави судијата Адеми.  

Обвинетиот Чадиев дозволил усно, Колев да го користи возилото, без да се евидентира и без да се даде извештај каде, кога, и од кој причини е користено возилото што претставува пропуст. Ова зборува за искористување на службената положба на двајцата обвинети заради остварување на имотна корист - кажа обвинителката Славица Темелковски во завршниот збор. Бранителот на обвинетите Коста Нојков најави жалба на пресудата. 

Обвинителството не даде никаков доказ дека  двете службени возила се користени за приватни цели - рече Нојков.  Двајцата обвиените, во еден дел имаа идентична одбрана, дека  обвиненијата се политички мотивирани. 

Три години сум по судов и сите обвиненија против мене се политички, оти се поднесени од СДСМ или актуелниот градоначалник - рече Чадиев.  Колев пак во завршен збор го цитираше римскиот филозоф  Сенека.   

Во време на овој процес мојата граѓанска слобода беше одземена, заради моја политичка дисквалификација и нечие политичко поентирање - кажа Колев. 

Според обвинението  во периодот од 23.02.2014 година до 09.08.2016 година,  тогашниот градоначалник Чадиев усно дозволил на тогашниот претседавач Колев во повеќе наврати, да користи две службени моторни возила за лични приватни потреби, без реверс за нивно користење и без притоа да достави пополнет евидентен лист за патувањето. Колев во повеќе наврати вршел и набавка на гориво за двете возила во количина од 2.880 литри и во вредност од 170.598,00 денари, за кои била извршена исплата од сметката на оштетената општина Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати