Чадиев – ослободување на плаќање на сметки за вода и комуналии

Петар Печков

Во наредниот период локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе мерка за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии како и отпишување на утужен долг за лица од социјално загрозени семејства и семејства на лица со хендикеп.

Со ова мерка ќе бидат опфатени околу 1000 велешка домаќинства кои се евидентирани како корисници во Центарот за социјална работа во Велес.

Преку реализација на оваа мерка очекуваме да се подобри социјалниот статус на ранливите категории на граѓани кои од најразлични причини и не по своја вина акумулирале долгови кои многу тешко можат да ги подмират. 

Со отпишувањето на долгот спрема ЈКП Дервен тие ќе добијат нова шанса да започнат од почеток. Сметаме дека тоа е најефикасниот начин, без долгови, во иднина да започнат да напредуваат, а не да стојат во место. 

Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период покажа голема грижа и одговорност за сите категории на граѓани кои имаат потреба од поддршка со цел олеснување на нивниот живот и подигнување на стандардот. 

Само во 2016 година, Општина Велес позитивно одговори на 96 барања од граѓани на кои им била потребна помош. Помошта се движи помеѓу 3 000 и 65 000 денари во зависност од нивните барања. Дополнително се поделија и 40 хуманитарни пакети. Тоа е најголема реализирана помош за социјално загрозените граѓани досега изјави Славчо Чадиев кандидат за градоначалник на Велес од ВМРО-ДПМНЕ.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати