Четврток вечер премиeра на претставата ,,Сара,,

Петар Печков

В четврток, 6-ти февруари во 20 часот, на малата сцена велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“,премиерно ќе ја изведе претставата „Сара“ од Катерина Момева, во режија на Елеонора Теова.

„Сара“ е праизведба на истоимениот драмски текст на Катерина Момева и втора премиера на Велешкиот театар за сезона 2020, две седмици по премиерата на ,,Сестрите Прозорови,,  и двете  театарот ги реализира од сопствени средства. Улогите во претставата ги толкуваат Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Симона Димковска, Кристина Нацева, Самоил Стојановски и Славица Манаскова. 

Сара е драма за невротичната потреба за љубов, хистеричната потреба за внимание, растроената потреба да се сочува илузијата на секојдневието. Драма за човечкото и животинското во нас, за нагонот кој што сака самиот себе да се изрази, но и размисла за последиците од тоа – вели режисерката Елеонора Теова.

Подобро да не навлегуваш во мрачните страни на човек затоа што не знаеш што ќе најдеш таму. А што би нашол? И можеби тој мрак од кој толку се плашиме сака да биде пополнет со љубов –кажа  авторката на драмата Катерина Момева.

Сценограф на претставата и автор на рекламниот материјал е Филип Коруновски, а изборот на музиката е на Орхидеја Дукова. Оваа претстава в.д директорот Ивановски ја најави дека премиерно ќе биде изведена на почетокот на декември, но бидејќи објектот немаше греење, премиерата се одложи два месеци подоцна. 

Поврзани »

РОНТИС вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

  • да
  • не
Резултати