Четврток пред велешани македонскиот филм ,,Исцелител,, (видео)

Петар Печков

На 31 мај, четврток со почеток од 20ч. во велешки театар ќе се прикаже новиот македонски филм ,,Исцелител,,. Тој постигна голем успех и кај публиката и кај критиката, беше прикажан на повеќе европски и светски фестивали, каде беше пречекан со пофалби и позитивни критики.

Во ,,Исцелител,, Веле е механичар од железничко депо,  кој немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му Саздо колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак. Меѓутоа е притиснат од криминалците што си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала, кои во него гледаат нова надеж, исцелител. 

Во филмот играат: Благој Веселинов - Веле, Анастас Тановски - Саздо, Аксел Мехмет - Џем, Александар Микиќ - Мрсни, Мирослав Петковиќ - Коки, Диме Илијев - Тоде, Симона Димковска - Јана. Режијата и сценариото се на Ѓорче Ставревски. 

Од велешки театар најавуваат дека ако има интерес ќе се прикаже и следните денови. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати