ШС ..Бабуна,, навремено ги испорачува платените дрва за огрев

Петар Печков

Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес, кое е дел од ЈП „Македонски шуми“, редовно го испорачува  огревни дрва на граѓани кои се пријавиле и од јануари до мај и  ги платите парите.

Како што информира за МИА директорката Љубенка Попова, досега се испорачани огревни дрва даб и букана на 7 до 8 илјади граѓани, а до 15 октомври треба да им се испорачаат на уште 1.800 граѓани кои ги платиле парите за огрев.

-Покрај големиот број шумски пожари, сепак правиме напори навреме да им ги испорачеме огревните дрва до почетокот на грејната сезона, информира Попова.

Таа појасни дека по овој рок во складот на ШС „Бабуна“ во Велес ќе има огревни дрва на слободна продажба и за граѓани кои не се на списокот на оние кои се пријавиле и платиле на рати.

веста е преземена од МИА Македонска Информативна Агенција 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати