Што ги прашаа велешани, Заев и Анѓушев

Петар Печков

На трибината на Владата одржана во Велес, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев наброи што за оваа година и половина таа сработила за општината.

Обезбедени се 25 милиони евра за да се поврзат двете езера Лисиче и Младост и потат да се решат проблемите со водоснабдување на селата  и наводнување на  површините. За велешкото езеро Младост од добиен е грант за инфраструктура  на околината.  Мостот кај Башино село мора да се реконструира а да се гради и  нов кај Речани. Да го искористиме започнатиот пат за Прилеп, низ велешките лозја кај Топилница  како изградиме  обиколница за индустриска зона во градот и пристап до околните села -рече Анѓушев. 

На економската трибина одржана во Велес, стопанствениците, граѓаните ги прашаа претставниците на Владата за актуелни прашања, важни за живеењето во градот. 

-Која инвестиција доаѓа во Велес? Пепи Колевски сопственик на Агриа

Дали ќе има голема инвестиција во Велес, зависи дали ќе има интерес. Немојте да очекувате дека државата ќе ги насочува инвеститорите, како што беше претходно, овде ќе направиме ова, овдека друго. Инвеститорите ќе одат таму каде имаат интерес.  Ние како држава и општина треба да обезбедиме инфраструктура и за ова работиме со градоначалникот, оти претходната е исполнета. Не смееме да поттикнуваме нелојална конкуренција, да едни помагаме а други не. Потребни ни се силни македонски фирми. Потребна ни е развиена домашна индустрија - одговори Анѓушев.   

-До каде е гасификацијата на Велес? Трајче Трајков сопственик на Хемија Комерц

 Со Гасификацијата Велес беше заобиколен, но сега не е. Беше замислен земјава да се гасифицира  преку два крака Штип -Неготино- Кавадарци и вториот  Скопје- Тетово - Гостивар. Сега е предвидено е изработка на основен план во оваа 2019-та за Велес. Градбата ќе започне во 2020-та  во две години подоцна гасот да биде донесен во Велес.  Во меѓувреме градоначалникот Коцевски  го прави планот за гасификација, да не се чека. Оти тој може да се донесе контејнерски до потрошувачите - рече Анѓушев.    

-Да  се врати седиштето на УЈП во Велес како регионален центар побара Јосе Манев сопственик на Пескара Вел за што доби потврда и од премиерот Заев и од вицепремиерот Анѓушев.

 -Како да се заштити работната рака во Македонија да не биде евтина, при доаѓањето на странските инвеститори? Маја Хеско директор на УСО Димитрија Чупоски  која побара и  мерки за развој на мрежа на  квалификации во средното стручно образование.

Платите во земјава ќе растат како резултат на доаѓањето на инвеститорите. Во Македонија не доаѓаат повеќе трудоинтензивни инвестиции, кои ќе вработуваат  по шест илјади луѓе со по 9 илјади денари плата. Такви луѓе повеќе нема во државата.    Затоа сите инвестиции кои доаѓаат се со повисоко технолошко ниво, вклучувајќи ги и овие четири од вчера од Давос кои најавија дека идат. Таму нема да се вработат 7 илјади луѓе, бидејќи се тоа се високо технолошки капацитети, туку 700 со високо образован кадар и подобро стручно образование. Затоа за  мене основен проблем во следните години ќе биде образованието. А ние образовниот просец изминатите 15 години го урнисавме.  Тоа ќе го решаваме веќе од следната учебна година.  Ќе им дадеме право на компаниите да си едуцираат ученици заедно со стручните училишта. За сите невработени во земјава, кој бара работа а има заинтересирани, првите шест месеци државата ќе ги плаќа примањата за тие шест месеци да се образува стручно. Во Македонија има32 факултети за менаџери а што тие ќе менаџираат- објасни Анѓушев. 

Во дебатата се вклучија и двајца соговорници, пензионерка и припадник на малцинството, како што се преставија, без да се именуваат. Пензионерката побара подобри услови за живот за сите, не само за одредена група, вработување без партиски книшки, побара да се слуша гласот на народот и да се сопре одливот на младите од земјава. 

Припадник на малцинството, кој не прецизира на која етничка група не припаѓа, реагираше на тоа што голем број од семејства на  ромите живеат во супстандардни услови. Кажа дека муслиманските деца учат освен мајчин јазик и македонски, странски и дека за нив има малку вработувања иако и тие имаат завршено средно образование.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати