ЈП Парк спорт лани прв пат забележа загуба во работењето

Петар Печков

ЈП Парк спорт минатата година ја заврши со загуба. Салдото е два милиони денари во минус. Или приходите биле 6,26 милиони денари а расходите 8,26 милиони денари. Во Годишниот извештај пишува дека загубата се должи на зголемените трошоци за плати кон вработените а лани не биле доделени и дотации во висина од половина милион денари. Неодамна именуваниот в.д. директор Александар  Дамчевски причината за загубата ја гледа во големите побарувања.

Околу еден милион денари побарувања се ненаплатливи.  Седумсто осумдесет и две илјади денари  не можат да се наплатат оти дошло до згаснување на правните лица -закупци  кои ни должат, додека 200 илјади денари    се застарени бидејќи се повеќе и од десет години - рече Дамчевски.  Поранешниот директор на ЈП Александар Табаков, сега член на Советот на Општина Велес,  со негово видување зошто дошло за прв пат во 13 годишното постоење ова ЈП да забележи загуба. 

За жал ние како Совет немавме план и програма за работа на ЈП за 2018-та  и раководството немаше насока, во кој правец да работи - рече Табаков.  Изминатиот период во ЈП парк Спорт била внатрешната ревизија на локалната власт која констатирала сериозни пропусти. Материјалот бил доставен до СВР Велес и до Јавното обвинителство. 

Има многу пропусти, незаконитости со издавањето на деловниот простор во салата Гемиџии.  Договорите се штетни по ЈП, бидејќи 50 отсто им се простувани за закупнина со обврска тие пари да бидат вложени како инвестиција за обнова на просторот. Сопствениците биле должни да достават што сработиле а таква документација нема. Градскиот стадион е како село без кучиња, кој стаса игра, трениран на него - кажа градоначалникот Аце Коцевски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати