Велешанец на 70 годишна возраст почина од последиците од ковид-19

Петар Печков

Нова жртва од ковид-19 заразата во Велес. Маж на 70 годишна возраст, кој беше на лекување на Инфективна клиника во Скопје починал од компликациите предизвикани од корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

Лицето од Инфективното одделение на 9-ти септември претпладнето, поради влошената здравствена состојба беше префрлен на Клиника во Скопје.  

Денес во земјава починаа девет лица, како последица од ковид-19.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати