Водата на езеро Младост квалитетна за рекреација, нема инфраструктура

Петар Печков

Водата на вештачка  акумулација Младост,  која велешани и гостите ја користат за капење и рекреација, е исправна. Ова  го  покажале резултати од испитувањата кои  ги извршиле  стручните лица од ЈЗУ Центарот за Јавно здравје Велес.   

Квалитетот на водата од езерото Младост се анализира од пет места,  локации кои се најчесто користени:  Градска  плажа 1 и 2, градска плажа близу Хотел Панини, плажа Хотел Романтик и плажа  Мотел на Велешко. 

Од прикажаните резултати добиени од извршените анализи може да се заклучи дека водите на акумулацијата по најголем број на испитани параметри ја задоволуваат бараната 1-2 класа, освен по однос на матност, сатурација и сув остаток на филтрирана вода, кои немаат штетно влијание врз здравјето на луѓето. Затоа водата од езерото Младост може да се користи за рекреација на луѓето и наводнување - стои во писмениот извештај на Центарот за јавно здравје од Велес, кој се најде пред велешките советници.   

Испитаните мостри покажале дека  вредностите на  амонијак, нитрити, нитрати, хлориди и сулфати  кои се индикатори на органско и фекално загадување на водите, се движат во граници на 1 -ва класа. Квалитетот на водите на акумулацијата  „Младост„  е класифицирана како „одлична„ по однос на микробиолошките  индикатори -цревни ентерококи и ешерихија коли.

Од групата на штетни и опасни материи е испитувано присуството на железото и фосфати. Во водите на акумулацијата  железото се движи  во  1 и 2-ра класа. Фосфатите се присутни со вредности на 1-ва класа. Според оценките средени се  само двете плажи пред Романтик и Мотел на Велешко. 

Температурата на водата на овие пет плажи лани во периодот мај - октомври  се движела од минимум 20 до максимум 26 степени. Во извештајот се повторува заклучокот присутен неколку години наназад, дека е потребно крајбрежјето да ги има потребната инфраструктура.  Водите на акумулацијата се користат и за рекреација. 

Граѓаните на Велес и пошироко, во летниот период се рекреираат, но плажите не се санитарно -хигиенски уредени, се без вода за пиење, без канализација и санитарни јазли.  Се поголемиот антропоген притисок врз просторот на акумулацијата „Младост„ ја наметнува потребата од организирано управување на езерото, од преземање неопходни, итни мерки во кои ќе бидат вградени еколошки, санитарно- хигиенски норми и законитости - пишува во годишниот извештај на Центарот за јавно здравје. 

Затоа стручните лица од Центарот  посочуваат неколку работи кои треба да се решат: санирање на крајбрежниот појас на езерото,санитарно -хигиенско уредување на околината на езерото, канализациона мрежа, јавни чешми, јавни клозети, правилно отстранување на цврстиот отпад.

Како потенцијални загадувачи на водите на акумулацијата  се посочуваат   обработливите     земјоделски     површини    каде се   одгледуваат  земјоделски култури и лозови насади. Тие  се третирани со пестициди и вештачки ѓубрива, кои со полевање, со атмосферските и подземните води, ја загадуваат акумулацијата. Потоа  потенцијално загадување доаѓа од  домаќинствата од околните  руралните и викенд населбата, каде цврстиот и течен отпад не се одлага согласно санитарно -хигиенски норми. 

Езерото Младост е предадено за користење на 5-ти август 1962 година.  Во него се влеваат Отовичка река и Рудничка река. Сливното подрачје на езерото изнесува 90 км 2.  Со него се  наводнуваат 1.350 хектари обработлива површина.  Во неговата близина се наоѓаат шест села со околу две илјади жители. Летово, поради високиот водостој езерото претекува преку браната.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати