Воздушниот притисок и ветер, причина за високите концентрации на чад и прашина

Петар Печков

На  неодамна одржаната Јавна расправа за аеро-загадувањето на Велес, најдобра илустрација, зошто со денови имаме загаден воздух, објасни проф. др. по технички науки и експерт по екологија Бошко Ников.

Имаме несоодветно согорување кај домашните печки, несоодветно согорување кај поголем дел од автомобилите кој се без еуростандарди.  Загадувањето се јавува во зиме, поради намалената можност за подигање  на воздух од земјената површина кон горе. Или доле воздухот е ладен,  молекулската  густина и тежина  е поголема, воздушниот притисок е поголем. Затоа треба поголема сила да го истурка кон високото.      Би било добро  да има споредба помеѓу атмосферскиот воздух и загадувањето. Меѓу нив постои тесна врска.  Во овие зимски месеци атмосферскиот притисок е најголем. Цврстите материи  допринесуваат во развојот не само на респираторните болести, дури  и на некои потешки, тоа е познато.   Цврстите честички   под 10  и 2,5 микрони се одличен апсорбенс за секој вид бактерии  и така се внесуваат во човековото тело. Не смее да се заборави на историското загадување на Велес, кое има влијание на квалитетот на воздухот, депонијата со згура  и загадената почва.  Тука се и сепарациите, каменоломите и фабриката во Превалец   – изјави Ников.  

За него е најважно да се едуцира населението дека горењето на органски материи, кои содржат хлориди никако не смее да се случи, како и  построга контрола при техничкиот преглед на возилата, доследна примена на законската регулатива.

Тој  побара и повеќе дрва, зелен појас околу градот. Екологистите од Велес пак  побараа да се отвори  уште една мерна станица за  мерење на  аерозагадувањето во Велес, бидејќи од седум колку што ги имаше пред 10-тина години кога работеше Топилница, сега работат две.

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com